You are currently viewing Добредојде за Леа од Германија!
Lea, Germany

Добредојде за Леа од Германија!

Hallo! Јас сум Леа, 18-годишна матурантка од Германија.

Откако знам за себе, сонував да се преселам во странство и да откривам нови места и култури. Откако поминав многу време истражувајќи можности да го направам тоа по завршувањето на училиштето (искрено, поголемиот дел од истражувањето беше направено и за време на здодевните часови во училиште 🙂 ), конечно наидов на проектот во ВЦС.

Бидејќи пораснав во рурална средина во Германија (во едно многу мало и тивко село), животот во Скопје со сите негови убави, а понекогаш и хаотични страни е нешто ново за мене, но веќе почнувам да го сакам.

Иако порано возев моноцикл и се грижев за моите два коња на семејната фарма во Германија, сега едвај чекам да најдам нови хобија и интереси тука во Македонија. Можеби ќе се вратам дома како професионална танчерка? Веројатно не, но дефинитивно ќе ја продолжам мојата љубов за литература и пишување преку „ВОИСЕС“.

Како и да е, навистина се радувам на следните месеци во Скопје, секогаш сум расположена да запознавам нови луѓе и да го истражувам Балканот. Auf gehts!

Леа Швегман

Организација-испраќач: NaturKultur e.V.