Здраво, јас сум Габриела. Имам 20 години, ќе наполнам 21 на 2-ри октомври, и живеам во Антверпен, Белгија.
Студирам Бизнис-менаџмент за Дигитален маркетинг и ќе продолжам во Меѓународен менаџмент. Ми се допаѓа сѐшто е поврзано со креирање и со менаџирање. Затоа и се одлучив да волонтирам во Скопје, Македонија, бидејќи, проектот е поврзан со маркетинг. Тоа ми дава можност да пробам како е да се работи во реалниот свет. Мислам дека е корисно да се има практично искуство во однос на теоретските знаења. Исто така, ова ми даде можност да отпатувам во странство и да запознаам луѓе кои се заинтересирани за истите работи како и јас.
Сакам да запознавам нови луѓе, култури и нови јазици.
Ја сакам природата, животните, да излегувам и да слушам музика.
Навистина сум среќна, бидејќи е првпат да волонтирам.
Мислам дека секој треба да го испроба волонтирањето како начин да се излезе од удобната зона и да се искусат нови работи.
Габриела Јабро
Габриела ќе волонтира во ВЦС во следните 3 недели преку краткорочен ЕСК-проект.
Организација-испраќач: Tumult