Здраво на сите, јас се викам Фаим, имам 21 година и доаѓам од Франција! Поконкретно, доаѓам од сончевиот јужен дел на Франција, од место меѓу градовите Ница и Марсеј. Моментно студирам политички науки и сум пред дипломирање. Неодамна, минав неколку месеци во Норвешка како дел од програма за размена на универзитети каде студирав социологија и економија. Таму го открив уникатниот шарм на нордиските земји и тоа ме инспирираше да истражувам други хоризонти.
Затоа решив да дојдам во Македонија за да се потопувам во нејзините прекрасни пејсажи и да стекнам нови искуства. Оваа земја е вистински скриен скапоцен камен и во текот на четирите месеци од мојот престој овде, се надевам дека ќе научам повеќе за локалната култура, традиции и обичаи. Кој знае, можеби оваа земја ќе ми го освои срцето.
За време на мојот престој, мојата главна активност ќе биде пишувањето за списанието „Воисес“. Овој проект ми е особено при срце, бидејќи сакам да пишувам за независни весници (медиуми), а слободата што ја нудат темите за покривање е огромна. Ова ќе ми овозможи да истражувам различни теми и да ги споделам моите откритија со читателите. Нестрплив сум да ги напишам моите први статии и да ве одведам на патување преку моите зборови!
Фаим Бунуа