Здраво на сите!
Јас сум Ема и доаѓам од Белгија. Следните 3 недели ќе ги поминам овде, во Македонија. Од АФС организацијата од Белгија дознав за овој проект и сега сум тука. Македонија е многу поразлична од Белгија па така би можела да излезам од својата комфорт зона. Јас сум повеќе тивка и срамежлива девојка и во овој проект намерата е размена и учење нови знаења со останатите волонтери како сеопфатна задача. Сакам да патувам и запознавам нови култури. Се надевам дека ќе видам многу од оваа нова земја за време на проектот.Се обидов да најдам нешто околу тоа и ми изгледа доста интересно.
А сега нешто за мене: имам 19 години и само што завршивсредно образование за професионална здравствена грижа. Понатаму следната година ќе студирам ортопедагогија бидејќи не сум спремна сеуште да почнам да работам секојдневно. Во слободното време сакам да одам на пливање и да поминувам време со моите пријатели.
Се надевам дека ќе научам доста нови работи и ќе допринесам за проектов. И се надевам дека моите идеи ќе бидат од корист.
Посакајте ми среќа.
Ема Вранкс