Здраво на сите!
Моето име е Дорота но пријателите ме викаат Дорис (бидејќи навистина не ми се допаѓа моето име). Дојдов на ЕВС во Македонија за да излезам надвор од мојата зона на комфорт што ја имав во Полска. Не сум личност што сака да патува многу па така сум изненадена од себе што воопшто решив да се преселам во странство на неколку месеци. Не знам што би можела да очекувам од мојот престој овде но не сум вознемирена околу тоа. Веќе се чувствувам како дома овде. Во Полска студирав новинарство и работев волонтерски во локалното радио. Затоа може и да замислите колку сум среќна што можам да бидам во ЕВС проект за младинско списание. Се надевам дека ќе можам да дадам дел од себе и да придонесам со свежи идеи во нашиот тим. Всушност јас не ја избрав Македонија, таа ме избра мене. Не знам многу околу овдешната култура. Кога дојдов во Скопје видов кирилично писмо за првпат! Има многу работи што треба да ги научам. Затоа подобро да се вратам на работата.
Посакајте ми среќа! Бакнежи од Дорис…
Дорис Лучак