Бонжур! Јас сум Касандра, имам 21 година и доаѓам од француските планини. Секогаш се воодушевувам кога водам одлични разговори од кои може да се научи. Ако ви се допаѓа џез музиката и животната филозофија, сигурно е дека ќе се сложуваме. Обожавам да цртам, да свирам пијано и да фотографирам, особено кога има сонце.
Дојдов овде како волонтер за да еволуирам и да откривам нови култури, а воедно да помагам колку што можам. Секогаш сум тука да слушам и да учам, затоа не двоумете се да разговарате со мене за она што ве прави да се чувствувате живи.
Се надевам дека ова искуство ќе биде убаво и корисно за сите нас! Среќна сум што ќе ве запознаам сите вас, па и вие што го читате ова – се надевам ќе имаме таква можност.
Многу љубов.
Касандра Журну
Организација-испраќач: Hors Pistes