Здраво! Јас сум Каролина, 21-годишна девојка со француско-бразилско потекло, која живее во Париз.
По завшрувањето на студиите по историја и историја на уметност, сакав да откријам различни делови од светот и луѓе со различни позадини. Земањето пауза од една година и волонтирањето ми се чинеа како одлична можност за тоа!
Само што стапнав на македонска почва (пред два дена), а веќе можам да ја почувствувам богатата историја на оваа земја преку нејзиниот пејзаж, архитектура и луѓе.
Балканските земји се чини дека се единствени во начинот на кој различните култури се спојуваат за да создадат свој идентитет.
Можеби е малку под влијание на моите студии, но за мене, уметноста е најдобриот начин да се разбере душата на една земја и нејзината историја!
Ќе останам само два месеци, па затоа навистина се радувам на уличните звуци, на графитите на ѕидовите и на истражувањето музеи.
Постои една многу позната француска поговорка: „патувањето ги обликува младите“. И навистина е така. Станува збор за искуства, луѓе што ги среќавате и пријателите што ги стекнувате по пат, а што ве тераат да го гледате светот поинаку од оние од кои учите и со кои растете.
Со нетрпение го очекувам она што доаѓа!
Каролина Де Лима Учоа
Организација-испраќач: I.PEICC
