Bonjour! Моето име е Камил и имам 22 години. Родена сум во Брест (Франција), во прекрасниот регион Бретања. Студирам во Париз и неодамна завршив интердисциплинарни студии за политички науки и математика. Есенва ќе започнам магистерски студии по Европски прашања.
Минатата година живеев во странство, во САД преку универзитетска размена и многу ми се допадна ова искуство. Еден од моите сонови е да откријам што е можно повеќе земји и култури.
Затоа, сакав да бидам корисна ова лето, да стекнам нови искуства, па го најдов овој волонтерски проект. Ми се допаѓа начинот на кој можам да им помогнам на локалните млади, да придонесам со другите волонтери и во исто време да живеам во нова земја… на еден поинаков начин, наместо да бидам само турист. Се надевам дека ќе научам повеќе за историјата, културата и меѓународните односи на Македонија и Балканот.
Инаку, обожавам да следам спортски вести. Тренирав различни спортови, а волонтирав на некои настани како што е ланската Олимпијада во Париз. Беше неверојатно добро, па одлучив да волонтирам на други спортски настани. Претстојниот Европски Олимписки младински фестивал во Скопје е совршена можност за тоа.
Камил Бодуен
Организација-испраќач: Solidarités Jeunesses