Здраво дечки!
Моето име е Батухан Еге, ама можете да ме викате Бату. Имам 27 години. Доаѓам од Измир, на западната страна од Турција. Дипломирав во 2021 година. Ова сега е мое прво искуство во странство, но не и прво волонтерско искуство. Претходно, работев во ИТ-оддел и слични области. Роден сум и израснат во Турција, но отсекогаш сум бил желен да истражувам нови хоризонти. Секогаш барав нови можности. Македонија и Волонтерски Центар Скопје се нови големи авантури за мене.
Во слободното време, често ќе ме најдете на компјутер или додека варам кафе, бидејќи тоа ми создава радост и релаксација. Учењето нови работи е мојата најголема страст. Уживам да го споделувам она што го научив. Мислам дека ВЦС е добра можност за споделување и учење. Имав некои волонтерски проекти во Турција каде работев со деца со помалку можности. Водев неколку работилници за наука и спорт.
Сакам да излезам од мојата удобна зона и да додадам нови предизвици во мојот живот. Додека го правам ова, сакам и да создавам придобивки. Сето ова ме прави толку среќен.
Батухан Еге Сахин