You are currently viewing Добредојде за Аурелијан од Франција!

Добредојде за Аурелијан од Франција!

Здраво, Јас сум Аурелијан, имам 22 години и доаѓам од Сантес, гратче на југот од Франција. Сакам
да играм кошарка, тоа е мојот омилен спорт. Учествував на маратонот во Париз во 2023 година, пајасно е дека сакам да трчам, но морам да признаам дека тоа е мое омилено хоби, туку предизвик да се истрчам секогаш кога можам. Ја сакам и музиката, свирев 13 години труба „соло“ и во oркестар.

Патував многу со моите родители и мојот помал брат, како на пример во САД, Велика
Британија, Шпанија, Португалија, Мароко, Италија и Грција. Сега сум тука во Македонија.
Си го сакам семејството и пријателите. За мене тоа е многу важно, да имам ваков тип поддршка.
Сакам да го поминувам слободното време заедно со нив и со чаша пиво или вино (преферирам
вино, бидејќи, сепак, сум Французин). Сакам да истражувам различни култури и истории на
земјите.

Во Франција, учев една година сметководство, но се откажав, бидејќи беше многу напорно за
мене. Потоа, две години студирав Геодезија. Верувам дека геодет е одлична професија, па затоа,
дојдов тука во Скопје да стекнам пракса. Се надевам дека ќе откријам различни методи на работа за потоа да можам да ги споредувам со цел најдобро извршување на работните обврски.. Кога ќе се вратам во Франција, би сакал да понесам колку што е можно повеќе од сето она што ќе го научам овде.

Аурелијан Кефелек

Организација-испраќач: Cercle de Qualité