И покрај врнежливо време денес, сепак успеавме докрај успешно да го спроведемe вториот дел од кампањата “Гласај, Нека Те Слушнат!!!”, како дел од проектот “Поттикнување на младинското учество во политичките процеси” во соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА и НЕД (National Endowment for Democracy). Вториот дел од кампањата беше спроведен во Градскиот Парк и околината околу него. На последните два настана, голем број на млади луѓе се запознаа со можноста за гласање на следните локални избори и на тој начин нивниот глас да биде слушнат, со нивно директно вклучување во креирањето на сопствената иднина, преку изборот на претставници на локално ниво!!!