На 8 октомври 2012 во Лублин, Полска, се одржа Годишното собрание на Мрежата Youth4Media на која беше присутен и претставник на Волонтерски Центар Скопје. На ова Генерално собрание, Волонтерски Центар Скопје официјално беше избран за нов член на Европската Мрежа Youth4Media. Европската Мрежа Youth4Media им дава глас на младите луѓе преку дигиталните медиуми. Тоа е европска асоцијација од 40 организации од 27 земји кои работат на полето на медиумската заедница и граѓанското општество. Организациите членки формираат активна Европската мрежа на заедници, младински институции, како културни и медиумски центри, кои се места за комуникација и граѓански ангажман. Заедно, младите од Европските партнерски институции организираат прекугранични мрежи на младинска медиумска работа. Тие промовираат политички и интеркултурен дијалог со помош на аудио-визуелните медиуми. Имаме широк спектар на активности на локално, како и на европско ниво. Главните области на активности вклучуваат: политичка и медиумска едукација, проекти за интеркултурен дијалог, обука и размена на експерти за медиумска младинска работа, Европска свест, застапување на заедницата за развој на медиумите во Европа, меѓународна младинска соработка.