Како што воздухот станува поладен и лисјата почнуваат да паѓаат, се потсетувам дека и моето време тука полека, но сигурно завршува. Всушност, иако сè уште ми се чини нереално, тука сум веќе речиси 11 месеци. Живеењето во Македонија е нешто за кое никогаш не би поверувала дека ќе се случи, дури и ако ме прашавте пред само неколку години. Сепак, сега ги преиспитувам сите спомени од времето што го поминав тука, додека се обидувам да ги искористам максимално неколкуте недели што ми останаа.
Помислата за скорешно враќање дома, заедно со сите емоции што доаѓаат со тоа, полека почнува да ме плаши. Но, има барем една утешна мисла на која можам да се држам. Всушност, не сум сигурна за повеќето работи во мојот живот, но има едно нешто за кое сум сигурна. А тоа е дека ќе се вратам. Значи, додека моето време тука како волонтер влегува во своето последно поглавје – моето време во Македонија, или на Балканот воопшто, е само во својот почетен чин…
Клое Гаши