Споделување… Што е тоа? Пред да дојдам во Македонија, знаев дека една од главните задачи ќе ми биде пишувањето во „Воисес“. Искрено, пишувањето не ми беше омилено хоби, но кога ја осознав неговата важност – почнав подлабоко да размислувам што значи споделувањето. Според речникот на Кембриџ, дефиницијата гласи: „да му кажеш на некој друг за твоите мисли, чувства, идеи итн.“. Токму тоа што го правиме овде. Секој има различно потекло, различен начин на размислување, но заедничко ни е дека сакаме на другите да им го дадеме најдоброто од нас.
Запознав многу луѓе од различни земји за време на младинските размени на кои сум учествувал. Она што го научив е дека понекогаш само една реченица споделена од друга личност, може да го промени целиот твој начин на размислување. По еден проект, каде што разговарав со интересни луѓе, решив целосно да ги променам моите планови и да направам нешто поинакво од водење традиционален и популарен начин на живот. Можеби ова издание на „Воисес“ е знак да промените нешто. Обидете се да бидете поотворени за можностите што ви ги нуди животот.
Во октомвриското издание ќе можете да најдете инспирација за одење во странство, промена на рутината со кафе, рециклирање и многу повеќе. Како што можете да видите, споделивме различни теми со вас, а вие користете ги слободно!
Јакуб Покучињски