Веќе влеговме во октомври, што, сепак, не прави да чувствувате дека летото заврши и тоа благодарение на слатката навалица на улиците поради училишните обврски. Бидејќи доаѓањето на новата година е се поблиску, овој месец ја разгледуваме тековната и велиме „колку брзо стигнавме до октомври?“. Бидете дарежливи во прифаќањето на месецов со тоа што ќе бидете сигурни дека ќе го извлечете максимумот од сезоната на тикви.
Во ова издание на „Воисес“ може да најдете нешто интригантно за сечиј вкус. На пример, или да сакате да се опуштите со читање доживувања од проектите на „Еразмус+“ или да застанете и да размислите за момент на темите од голема важност. Ако сакате да ја истакнете важноста на одржливоста, можете да видите како можете да се грижите за одржливата мода во нашата тема на месецот. Имаме два увиди од проекти што ги организиравме летово во Македонија. Прелистувајте ги нашите страници во најубавите часови од денот, додека седите дома и се релаксирате. Сфатете ја убавината на животот преку моментите со написот: „Во светот низ очите на фотоапаратот“.
Новото издание на „Воисес“ ќе ве разоткрие додека го потопувате вашето „маршмалоу“ во вашето топло чоколадо во ветровите октомвриски вечери. Се надеваме дека ова издание на нашиот магазин ќе ви дава надеж која ќе ве мотивира да преземете акција. Уживајте во читањето!
Бушра Арслан и Исмаил Ерен Демиртекин