You are currently viewing ВОИСЕС Ноември 2020

ВОИСЕС Ноември 2020

Нели мислите дека среќата треба да се најде на секој лист од„Дрвото на животот“? Нашиот тим порасна неодамна, имајќи предвид дека со задоволство ги пречекавме новите волонтери, нивниот ентузијазам и талент за пишување. Дали сте за патување низ светот и седумте мориња? Ние ќе ве натераме да отпатувате далеку во прекрасната и разновидна Индонезија. Ќе ви ја објасниме позадината на продажбите и хистеријата околу Црниот петок, а валканата реалност на модната индустрија ќе ја донесеме во центарот на вниманието.

Откако ќе бидете повеќе свесни за последиците од тоа да бидете „тренди“, качете се на вселенски брод за да ги откриете можностите за живот на Венера … Назад на Земјата, млади активисти од Скопје се стремат кон почиста Македонија, додека некаде во Африка расте прекрасниот зелен ѕид од дрвја. Ајде да видиме подалеку од тмурното време во Обединетото Кралство и да ѕирнеме во долгото животно патување во прекрасната Тоскана. Или наместо тоа, да патувате во светот на соништата? И кога ќе се вратите во реалноста, можете да дознаете повеќе за страста кон јазиците, социјализацијата низ Европа и за една многу важна личност од САД што инспирираше многу девојки во светот.

Толку многу за откривање … Се надеваме дека ова ноемвриско патување ќе биде просветлувачко и инспиративно и оти некаде на пат кон следните страници ќе ја сретнете среќата.

Тимот на „Воисес“

View as PDF | View on ISSUU