Овој месец врската помеѓу човештвото и Земјата е наша тема на разговор во „Главата во ѕвездите“. Поврзаноста со Мајката Земја и нејзините деца е огромна. Како луѓето се однесуваат кон нашaта Мајка Земја и како ние се однесуваме во нашите меѓучовечки односи е од голема важност за одржливоста на нашиот дом Земјата. Ние можеме да научиме како да се однесуваме кон нашата Мајка од „Нашите постапки не значат“, „Пожарите на Амазон 2019“.
Продолжуваме да разговараме за нашите меѓучовечки односи и доаѓаме до нашите емоции. Ох, зарем е месец на емоционална интелигенција? Не! Тогаш е ден на прегратка? Не! Ама што ако не е? Сакаш да ги изразиш своите емоции? Тогаш следи го примерот на Селина и Камила и слободно пишувај за своите емоции! Изрази ги емоциите, вербално, невербално преку цртеж!