You are currently viewing Воисес март 2018

Воисес март 2018

Кога во 2015 година, Јутјуб прослави десет години, помалку изненадувачки прозвуче информацијата дека најгледаното видео на оваа веројатно најпопуларна платформа во светот е „Гангам стајл“ на јужнокорејската сензација Псај. Малку познат на европскиот и американскиот контитент, сега 41-годишната планетарна ѕвезда набргу ги зарази милионите фанови од целиот свет. Иако, неговата ѕвезда почна да паѓа, благодарејќи му, се запознавме со корејската култура.
Но, колку навистина знаеме за неа? Во новиот број на Воисес дознајте како функционира забавната индустрија во Јужна Кореја, која сѐ повеќе станува алтернатива за американскиот шоу-бизнис. Подготивме осврт на тукушто Олимписките игри, кои се одржаа токму во Јужна Кореја, прочитајте за театарот со кукли во Турција, различностите на Белгија, како е да се биде диџеј, за веганството и вегетаријанството, актерката Сара Климовска, како настанале најголемите музички хитови, за балетот…

Кажете и добредојде на пролетта и опуштете се со лудиот танц на Псај.