You are currently viewing ВОИСЕС јануари 2025

ВОИСЕС јануари 2025

„Верувај во себе, сè ќе биде во ред“

Така си велев во авионот додека летав кон Македонија. И морам да признаам – се излажав… да… Не е само „ок“, туку сè е НЕВЕРОЈАТНО (знам, те исплашив). Ако не го речам ова и кога ќе се вратам дома – ќе излажам и тоа лошо!

Многу сум среќна што сум тука. Верував во себе и сега сум исклучително горда. Дефинитивно можам да кажам дека доаѓањето овде беше најдобрата одлука во мојот живот. Запознав толку неверојатни и интересни луѓе, направив многу различни работи и посетив повеќе земји во текот на овие три месеци отколку претходно. Чувствувам дека открив дел од мене што не го знаев до сега.

Не се каам за ништо што сум направила. Така и ти, немој да се жалиш, туку биди храбар. Ова е мојот единствен совет. Осмели се. Осмели се да ги направиш оние работи за кои размислуваш додека читаш сега. Животот е премногу краток за да одложуваме за утре. Само напред и нема да зажалиш. Има толку многу за откривање и, притоа, не зборувам за патувања, туку за нас и во нас самите, во нашите души.

Ние сме, индивидуално, најдоброто нешто за откривање.

Лилу Боден