You are currently viewing ВОИСЕС февруари 2026

ВОИСЕС февруари 2026

⭐Леа:
Животот во Скопје е толку различен. Непредвидлив. Изненадувачки. Понекогаш ми ја одзема целата волја и сила. Сепак, толку е убаво. Луѓето, културите, различните начини на живот. Сите нови работи што ги правам и гледам ме менуваат на начини што никогаш не сум ги очекувала, па затоа и толку многу уживам во овој процес.

😈Луна:
Моите три месеци тука како волонтер се ближат кон крајот, а со нив и едно богато и емотивно искуство. Скопје е град кој ме запозна со различни култури, креативни и амбициозни луѓе, кирилицата и вродената великодушност на сите што ги сретнав.

👾Артур:
И пред да дојдам како волонтер, во Македонија бев неколку пати како турист. Секако дека двете искуства се различни, но ми се допаѓаат обете. Животот е мирен, лесно се спријателуваш.

🌻Нели:
Откако дојдов тука, се чувствувам како да живеам во град полн со противречности, никогаш не знам што ме чека кога ќе ја отворам вратата. Секој нов ден е исполнет со ново искуство и за мене токму таму лежи убавината на градот.

🐱Кас:
Сега кога мојата авантура завршува, можам да кажам дека сретнав луѓе кои ќе останат цел живот во моето срце. Топлината на Скопјани ме полнеше секојдневно со енергија; тоа е град кој те предизвикува да живеаш до максимум. Чувствувам дека овој град е безвременски; деветте месеци овде поминаа додека трепнеш. Затоа, ти благодарам, Скопје, и сакам да се видиме наскоро!