Иако временските прилики не ни го потврдуваат тоа, ние сме на средина од зимата. Деновиве, термометарот се искачува и до 13 целзиусов степен, но ноќите се уште се долги, темни и студени. Тогаш, што би било подобро од уживување во убаво друштво и добар пријател?
Тимот на „Воисес“ е тука со вас да го сподели новото февруарско издание!
Имајќи предвид дека се наближува „Св. Валентин“, време е да пронајдеме нов(и) пријател(и). Но, како да ги најдеме? Прочитајте го нашиот прекрасен и поетички постер, повикот за нов другар, пријател или љубовник Којзнае, можеби ќе пронајдете некого што не зборува на ист јазик или дијалект како вас. Прочитајте што значи јазикот и ќе можете да изградите ново пријателство и покрај јазичните бариери. На пример со чаша вино, затоа што Денот на вљубените – 14 февруари, на Балканот се доживува и како Ден на виното како уште еден доказ дека зимата си заминува. А штом топлото време ќе пристигне, нема поубаво од прошетка низ шума, пролетта се буди, сончевите зраци ве милуваат, а воздухот е полн со различни мириси. За мене, шумата од секогаш имала мистична привлечност, претставувајќи фасцинантен симбиотичен систем. Прочитајте за шумите и за нејзините „жители“ – печурките, кои играат значителна улога во биосферата! Додека ние ќе можеме наскоро да уживаме во шумите, на другиот крај од планетата се случи трагедија што ја уништи земјата. Станува збор за пожарите во Австралија. Прочитајте за нив во изданието на „Воисес“.
Но, ајде да останеме позитивни! Секој од нас може да го направи светот подобар. Чекор по чекор. За среќа, 2020 година нуди уште еден ден повеќе, па зошто да не го искористиме тоа како шанса за нов почеток? Доволно ќе биде да се смееме секојдневно, да размислуваме помудро и да ги отвориме срцата за нови лица и доживувања.