You are currently viewing VOICES DECEMBER 2025

VOICES DECEMBER 2025

Кога патувате на некое ново место и започнувате нов живот, нова работа, градите нови односи, секогаш ќе ве следи една константа: работите ќе се променат.

Откако пристигнав во Македонија, тоа е она со што најмногу се борам. Постојано си велам дека сакам да откријам што е можно повеќе во оваа една година, да бидам отворена, да го видам животот од поинакви агли. Но, во исто време, се плашам и од новите верзии од себе што би можеле да се појават на крајот од ова патување.

И тука можеме да ја видиме убавината на промената. Да, тоа е страшно и ново, но што ако на крајот нè чека многу подобра верзија од нас самите или од реалноста?

Новите стилови на музика и уметност, борбата против дискриминацијата, па дури и револуциите, секогаш бараат луѓе кои се подготвени да застанат цврсто и да кажат: Сакам работите да се сменат!

Во ова издание на нашето списание „ВОИСЕС“, ќе најдете многу приказни што зборуваат за прекрасните резултати што можат да ги донесат промените. За мене лично, ова е потсетник почесто да кажувам „да“ на новите работи. Ако и вам ви е потребен овој поттик понекогаш, нека ова издание биде и ваша мотивација.

Леа Швегман