Штом ги читате овие редови – ви честитам затоа што тоа значи дека читате „нешто“. Сè повеќе луѓето се откажуваат од читање книги. Стана комплицирано движење – луѓето да земат книга и да читаат.
Тие претпочитаат да гледаат кратки видеа наместо да читаат пишани извори како што се книги, списанија, весници итн. Одговорот на прашањето: „Извинете, дали сакате да прочитате неколку редови“? е вообичаено дека книгите се минато, дека не можеш да се подобриш со читање книги и дека читањето книги не помага ништо, бидејќи ја читаме единствено имагинацијата на авторот. Сепак, читањето не е толку едноставен процес. Постојат 4 фази на читање книга. Потоа, оценувањето на она што го читаме, пренесувањето низ процес на аналитичко размислување и запишувањето во нашата меморија го подобрува капацитетот на нашиот мозок. Се разбира, има неколку задачи што треба да ги направиме за да го извлечеме максимумот од овој процес. Треба да правиме белешки додека читаме или учиме, треба да спортуваме за да помогнеме во последниот дел од процесот и конечно, треба да имаме добар сон и пред и по читањето. Покрај тоа, изворот што го читате мора да биде опиплив, бидејќи читањето од физички извор му помага на човечкиот мозок да работи дијагонално.
Текстовите прочитани од физички извори повеќе го убедуваат човечкиот мозок дека чита нешто. Доколку сакате да прочитате нешто од физички извор, еве го августовското издание на „Воисес“.
Омер Чакмак