Во јуни 2012 Волонтерски Центар Скопје организираше младинска размена: „Кажи ДА за рурален развој“ со поддршка на Програмата Млади во Акција. Проектот поврза млади луѓе од Словенија, Полска, Србија и Македонија и им даде можност да ги развијат своите знаења за рурален развој, еко-туризам, како и да придонесат за развој на местото каде се одржуваше проектот – малото планинско село Брајчино, преку подобрување на капацитети за туристите кои доаѓаат да го откријат Брајчино и неговата околина … А на следниот линк можете да најдете видео увид во проектот и неговите активности. Им благодариме на сите партнери и учесници за нивната поддршка. Волонтерски Центар Скопје. …. “This project has been funded with support from the European Commission. This publication [communication] reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.”