You are currently viewing VCS partners up with YO!Fest

VCS partners up with YO!Fest

Оваа година, фестивалот YO!Fest го слави својот десетти роденден, вклучувајќи го и третото по ред партнерство со Европскиот Парламент. За прв пат, оваа година, Волонтерски Центар Скопје, е официјален медиумски партнер на YO!Fest.

YO!Fest е фестивал за млади кој во соработка со Европските институции работи на вклучувањето на младите луѓе во граѓанското учество и подигање на свеста за модерните предизвици. Овој настан нуди уникатна можност за младите луѓе да ги презентираат своите идеи директно до носителите на одлуките внатре во нивните институции. Исто така, овозможува една платформа за вмрежување и можности за поврзување помеѓу младите и невладините организации.

Фестивалот нуди широк спектар на активности, вклучувајќи дебати, креативни работилници, сесии за вмрежување и многу други активности поврзани со дигиталната револуција, Европската интеграција, социјалната вклученост и средината во која живееме.

YO!Fest ќе се одржи на 1 и 2  јуни 2018 година  во Стразбур, каде што над 8.000 млади Европејци помеѓу 16 и 30 години ќе се соберат и фокусираат на проблемите и заедно ќе изнајдат решенија како млади луѓе кои што допрва ќе носат промени.