За ЕВС прв пат слушнав на една обука во Македонија пред некои 2-3 години. Кога предавањето за програмата Млади во акција заврши, надвор, еден другар кој штотуку го имав запознато ме праша: ,,Што мислиш за одење ЕВС?” Во тоа време, немав јасна претстава за тоа што точно претставува ЕВС-от, па одговорив: ,,Можеби ќе одам, но се уште не.” Оттогаш, научив многу за ЕВС, скоро се, освен едно нешто—да го пробам во реалноста. Како што минуваше времето, размислував за тоа, понекогаш си велев: ,,Да, одам”, и наредниот ден преминував на: ,,ОК, можеби се уште не”. И тогаш, понудава за ЕВС во Обединетото Кралство неочекувано се појави. Понуда која совршено го комбинираше моите студии (англиски јазик и книжевност), моето мечтаење да ја видам Британија и да ја почувствувам британската култура, и моето активно учество во програмата Млади во акција. Отсекогаш сум имал впечаток дека Британија, кога станува збор за спроведувањето на програмата Млади во акција, како и во многу други сегменти од европските трендови, е малку поинаква и одвоена, па сум многу заинтересиран да видам како Британците ги работат овие нешта. Очекувања? Еден другар од Романија, додека се обидуваше да ме убеди да одам ЕВС во Романија, еднаш ми рече дека ЕВС е најдоброто нешто исмислено некогаш. Можеби тоа би било преголемо очекување, но да видиме што ќе се случи.