Оваа содржина не е достапна на Македонски
Read MoreВолонтерски Центар Скопје е дел од проектот TWOST.
Тренинг без стереотипи (TWOST. Training without stereotypes), финансиран од Италијанската Национална агенција преку Еразмус+ програмата-КА2. Ова е проект започнат во септември 2019 кој цели кон превенција на родово-базираната дискриминација кон младите. Проектот се однесува на меѓусекторска соработка, дозволувајќи некои поголеми синергии на сите полиња на активности кои се однесуваат на младите. Специјалниот фокус е во пристапот на права, автономност, (е)учество и активно граѓанство на младите луѓе, избегнувајќи ги феномените на самораздвојување на половите и промовирање на заеднички вредности на заедничко почитување помеѓу половите и без предрасуди за нивната сексуалност.
Социјалното вклучување на младите лица со ограничени можности е главната точка на поврзување на овој проект со реалноста на младите луше со ограничени можности низ Европа. Една од главните препреки на социјалното вклучување се стереотипите. Во полето на академијата, стереотипирањето е важен концепт во современата социологија и социјална психологија.
Целните групи на овој проект се млади работници, млади луѓе кои се жртви на стереотипи и родово-базирано насилство, млади лица со огранилени можности, млади жени, млади луѓе со мигрантска позадина, баратели на азил, бегалци, припадници на ЛГБТ, етнички малцинства, жени со попречености, жени кои работат или живеат на улица. Вкупната цел на проектот е да се зацврсти превенцијата и да се поддржи борбата против стереотипите и родовите насилства меѓу младите во Европа, преку пилотирање на дигитални иновативни ресурси и вклучување на младите луѓе со ограничени можности.
Специфичните цели на проектот се:
1 Да се промовира свесноста за стереотипите и родовата еднаквост, и да се намали несвесната пристрасност особено преку истражување на постоечки студии, алатки и методи.
2 Да се развие и да се прошират практичните алатки за неформално образование за млади лица во полето на идентификација и превенција на стереотипи и родово-базирано насилство.
3 Да се засили улогата на младите работници во борбата против стереотипи и родова дискриминација
4 Да се промовира социјалното вклучување и активното граѓанство на социјално исклучените млади луѓе на европско ниво.
Проектот ќе биде заснован на мултисекторски и мулти-дисциплинарен пристап кој ќе иницира соработка и градење на капацитетот на младинските организации и младите работници кои работат и се во директен контакт со овие групи, за да овозможат сигурна, навремена и ефективна заштита и поддршка.
Прочитај повеќе
“TWOST”: Проект против стереотипи и дискриминација
Волонтерски Центар Скопје е дел од проектот: Обука без стереотипи...
Read More