Настанот започна со влез на гостите во фоајето на Универзалната сала, каде што беше поставена изложбата со слики и ракотворби од децата од Дневниот Центар и ЦСИ Надеж. Подоцна, гостите и публиката се преселија горе, во Малата Сцена и започна вториот дел од настанот, со презентирање на Волонтерски Центар Скопје и на двете асоцијации каде што се одвиваат волонтерски активности, Дневниот Центар и ЦСИ Надеж. Продолживме со презентирање на танцовите на децата од двете асоцијацијии, кои спремија две различни кореографии. Кореографиите беа микс од три песни (македонска, албанска и ромска) за првата група и исто така микс од три песни (македонска, ромска и македонска) за втората група. После нив, го имавме задоволството да ја чуеме изведбата на младиот бенд “String Riders”, кои звучеа одлично. Нивниот настап беше интерактивен и целата публика заедно пееше со нив. После бендот, го завршивме настанот со настапот на сите дечиња заедно на сцената. Овој настан беше организиран како контрибуција и по повод презентирање на работата од девет месеци на нашиот волонтер од Франција Нацера Дахес, со дечињата и штитениците од Дневниот Центар и ЦСИ Надеж.
Мораме да им се заблагодариме на децата од Дневниот Центар и ЦСИ Надеж за нивно учество во проектот. Исто така, специјално им се заблагодаруваме на одговорните лица од Универзална сала за обезбедениот простор за одвивање на настанот и на Арбо Травел, за нивната организација на превозот на децата од Шуто Оризари до местот на настанот и назад и за нивната безрезервна поддршка на ваков вид на хуманитарни настани.