Преку „Транснационална студија за менторските потреби“, проектот МЕНТОР има за цел да ги разбере потребите и очекувањата на менторите и менторираните со цел да се развие систем за менторство што е прилагоден на меѓународните искуства за мобилност на ниво на ЕУ. Целта на проектот е да им ги даде сите алатки на младинските професионалци да ги информираат, обучат и подготват поранешните учесници во мобилноста, како и сите оние кои веќе живееле во странство и сакаат да се вклучат – да станат ментори. Со поддршка на идните учесници во мобилноста, менторите ќе ја направат европската мобилност подостапна и ќе ги ублажат стравовите на учесниците со специфичен фокус на најзагрозените млади луѓе и оние кои никогаш немале можност да заминат во странство.
Оваа студија ги прикажува елементите за развој на следните производи и активности, кои ќе се имплементираат во рамките на проектот МЕНТОР:
- Водич за млади професионалци, со цел нивен ангажман во придонесувањето за спроведување на менторска програма на европско ниво, во согласност со амбициите на Европската комисија и програмата „Еразмус+“;
- Обука за идни ментори: Ментори, сеедно дали поранешни учесници во меѓународна мобилност или луѓе кои веќе живееле во странство најмалку 3 месеци, ќе бидат обучени за нивната улога како ментори и ќе им бидат обезбедени алатки, преу кои ќе ги имаат сите потребни „клучеви” за нивната улога како ментор и соодветно придружување на менторираните (идни учесници во меѓународната мобилност);
- Портфолио на ментори и менторирани за да бидат информирани и да добијат насока за тоа како да придружуваат или да бидат придружувани.
Оваа транснационална студија ги собира и анализира одговорите добиени со дисеминацијата во Франција, Италија, Македонија, Турција и Романија на два прашалници кои имаа цел да ги истражат постоечките потреби и очекувања во врска со менторството во младинскиот сектор.
Благодарение на придонесот на учесниците во истражувањето, партнерите од овој проект имаат можност да идентификуваат ефективни стратегии и алатки кои ќе се користат за создавање водич за младинските работници за успешно спроведување на менторски активности во рамките на нивните организации.
Транснационалната студија за менторство ќе се дистрибуира не само во петте земји-партнери, туку и низ целата Европска Унија, со намера да се овозможи опсежна дисеминација на потребите за менторство на млади професионалци во врска со меѓународни проекти за мобилност.
Сите развиени алатки ќе бидат со отворен код, слободно достапни за консултации и преземање преку веб-страниците на партнерите на англиски, француски, италијански, македонски, турски и романски јазик.