Демократско општество без граѓански сектор е речиси невозможно да постои. Граѓаните преку невладинот сектор вршат влијание и притисок врз властите со цел да се подобри квалитетот на животот во едно општество. Создавањето на плодно поле за среќавање и вмрежување на граѓанските организации помеѓу себе од една страна и запознавање на граѓаните со граѓанските организации од друга страна е предуслов за создавање моќно и одржливо граѓанско општество кое ќе биде кредибилно да врши притисок на властите и катализатор на општествените промени.
НВО саемот на град Скопје „Заедно до подобро општество!“ е токму една од можностите каде организациите успеваат да ги спознаат своите заеднички интереси и предизвици на кои понатака продолжуваат да работат преку мини и пленарниот форум. Граѓаните, имаа прилика да ги спознаат полињата на работа на граѓанските организации и да се запознаат со можностите каде би можеле ги надоградуваат своите афинитети. НВО саемот официјално беше отворен од страна на претседателката на Советот на град Скопје Љубица Јанчева и директорот на ВЦС, Никола Станкоски.