Поминав скоро една недела во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, Скопје. И сега, бидејќи мојот проект во ВЦС е при крај и време е кога ќе треба да се вратам во Белгија – разочарувачки е што повеќе не можам да одам таму и да бидам со нив. Од првиот ден кога стигнав таму, навистина се чувствував добредојдено. Направивме многу различни работи во Шутка. Отпрвин им помагавме на децата во задачите по математика. Но, очигледно тие се многу добри во математика. Откако ќе завршат, играме игри со нив, сложуваме сложувалки, се забавуваме со нив. Не очекував дека тие ќе бидат многу социјални, но децата навистина беа такви.
Просторот беше исполнет со хартија, книги, маркери… се што има во една училница. Вообичаено, имавме по седум деца. Сите тие се прекрасни, но две од нив навистина го привлекоа моето внимание. Нивните имиња беа Антонија и Габриел. Тие двајца сакаа да си играат цело време со мене и ми создадоа чувство дека уживаат додека играв со нив. Имаше една игра што можеа да ја играат цел ден, наречена „Јенга“. Значењето на играта е дека вадите дрвено парче од кулата што ја градите со дрвените парчиња и се обидувате да не дозволите кулата да падне, бидејќи ако тоа се случи, вие губите. Не само оваа игра, туку и сложувалките беа нешто што децата многу го сакаа, особено Антонија.
Овој проект го гледам не само како искуство, туку и како момент што ќе остане со вас цел живот. Сигурен сум дека сега и тогаш ќе размислувам за децата затоа што поминавме толку забавно време, иако не беше најдолго. Се разбира, имавме некои потешкотии во комуникацијата, затоа што јазичната бариера е огромна, а и јас сум многу повозрасен од нив, но тоа не беше пречка да пробаме да комуницираме едни со други. Единственото негативно искуство што го имав е раното будење. За да стигнеме до Шутка требаше најпрво да пешачиме дваесетина минути додека стигнеме до автобуската станица, а потоа и да се возиме околу 35 минути. Можете да замислите како изгледаше сето тоа за некој што не сака да станува рано. Но, тоа што го доживеав вредеше секој момент и би го повторил тоа без двоумење.
Мохамед Атуми