Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Euroville 4.0” во Полска.
Место: Ополе, Полска
Датум: 29.05 – 1.07.2025 (1 месец)
За проектот:
Јуни ќе биде месец на Европа и мобилност во Ополе! Ова е 4-то издание на неверојатниот проект! Младинска енергија, дух на мешавина од култури, деца кои го откриваат светот и уживаат во пријатна средба со различноста, ширење на европските вредности – ете, тоа е нашиот план за овој месец!
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: Europa Iuvenis
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 20.05.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.