Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Bridging generations” во Полска.
Место: Гдањск, Полска
Датум: 3.06 – 23.06.2025 (18 денови)
За проектот:
„Bridging generations“ е проект кој на учесниците им нуди увид во работата на локалниот волонтерски центар и ги повикува да ко-креираат активности. Волонтерите соработуваат со студенти и луѓе од сите возрасти, споделувајќи идеи и планирајќи заедно.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: Regionalne Centrum Wolontariatu w Gdańsku
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Аплицирајте и преку youth portal ТУКА
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 11.05.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.