You are currently viewing Тимско волонтирање во Естонија!

Тимско волонтирање во Естонија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Paide Youth Team” во Естонија.

Место: Пајде, Естонија
Датум: 09.08 – 24.08.2026 (16 денови)

За проектот:
Волонтерите ќе помагаат при одржување и поправки на игралишта, гробишта и младински центри. Исто така, ќе имате можност да учествувате во подготовката и водењето на социјални и културни активности за локалното население. Работниот ден е околу 5-6 часа. Викендите се слободни. Работата ќе се извршува под надзор на локални младински работници и заедно со група локални млади кои ќе се приклучат на кампот за заедничка работа и во слободното време.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: EstYES

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 22.03.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.