Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Volunteering in Antalya” во Турција.
Место: Анталија, Турција
Датум: Група 1: 30.06 – 12.08.2025 ; Група 2: 14.08 – 26.09.2025 (43 денови)
За проектот: Волонтерот ќе биде дел од тим од 10 и ќе работи во кампови со деца на возраст помеѓу 11 и 15 години, воглавном со помалку можности. Програмата нуди можност за ангажман и образовни активности наменети за промоција на креативност, тимска работа и личен развој.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: Lidosk
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Аплицирајте и тука
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 08.06.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.