You are currently viewing (English) Success of the fundraising campaign

(English) Success of the fundraising campaign

Би сакале да им се заблагодариме на нашите волонтери Моника Naglova и Јакопо Ланди за нивната иницијатива да се соберат средства и искрено им се заблагодаруваме на сите кои придонесоа за прибирање финансиски средства за кампањата “Една обична работа може да го направи нивниот ден извонреден”, што беше лансирана онлајн на почетокот на летото со цел да се соберат средства за Дневниот Центар за грижа на деца од улица во Шуто Оризари.

Успеавме да собереме околу 1.500 евра со кои  беа купени многу корисни материјали за центарот, како што се средства за чистење, сапуни, тоалетна хартија, тетратки, чорапи, лекови, храна, вода, итн.

Многу сме задоволни со постигнатиот  успех, но исто така знаеме дека центарот се темели исклучиво на донации, па затоа секогаш ќе имаат потреба од било каква помош што може да им биде пружена.

Можете да ги најдете на фејсбук за да бидете во тек со најновите активности
(Дневен Центар за Деца на Улица)