You are currently viewing Step towards cooperation, understanding, tolerance and empowerment

Step towards cooperation, understanding, tolerance and empowerment

Поздрав од Струга, каде што младинската размена CUTE 2019 работи со полна пареа. „CUTE стои за соработка, разбирање, толеранција, оспособување. Целта на размената е да помогне на учесниците да се развијат во сите четири аспекти. Учесниците имаа неколку дена полни со работилници и активности за да ги припремат за главниот дел – да придонесат нешто за општеството, за локалната заедница. Во моментов развиваат свои мали проекти за да придонесат нешто на локалното население во Струга. Денес ги реализираа своите идеи. На пример, расчистување на плажата, бесплатно гушкање и уметничка анкета. Секако, има време и за забава и за истражување на околината. Во текот на денската екскурзија до Охрид и Св. Наум, која што беше забавна и покрај тоа што беше врнежливо времето. Во сабота ќе има уште една екскурзија до Вевчани каде што учесниците ќе работат на медиумски производи. Младинската размена е успешна со, сѐ на сѐ, добра работа од учесниците и многу нови пријателства кои се развиваат меѓу нив.