Волонтерите од Германија што се дел од семејството на Волонтерски Центар Скопје организираат онлајн неделни часови по германски јазик. Ве покануваме да се придружите!
„Здраво! Ние сме Крис и Клариса – волонтери во ВЦС. Кога дојдовме во Македонија, бевме изненадени од големиот интерес за германскиот јазик. Дел од нашата работа е креирање работилници. Бидејќи видовме интерес за германски јазик, ја искористивме можноста да организираме часови за разговор преку „Zoom“. Тoa е микс од „енерџајзери“, игри за запознавање и неформална размена.
Групата е воглавно меѓународна. Освен Македонци, имаме и Германци, Австријци, Грци и Шкоти. Нивото на учесници е прилично импресивно – тие достигнаа високо ниво преку училишни часови и независно учење.
Ако сакате да ни се придружите, можете да се регистрирате тука и ние ќе ви го испратиме линкот преку е-маил:
Работилниците се одржуваат секоја среда во 19 часот преку „Zoom“.