You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Siena Art Institute” во Италија.

Место: Сиена, Италија
Датум: септември 2025 – мај 2026 (8 месеци)

Повеќе за проектот:

Како волонтер, ќе учествувате во разни активности. Вашите задачи вклучуваат креирање и собирање визуелни содржини (видеа, фотографии и интервјуа). Ќе помагате во поддршката на онлајн курсеви и часови по јазик со персоналот, локалното население и студентите, а истовремено и самите ќе учите италијански јазик. Волонтерот ќе учествува во активностите на Градината на заедницата и ќе придонесува во организирање и логистика на работилници и јавни настани.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Партнер на проектот: PiGreco-SEMI di intercultura APS

Организација-домаќин: Siena Art Institute ETS

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 13.08.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.