Традиционално ВЦС продолжува со својата мисија да ги презентира волонтеризмот и македонската култура. Нашата станица овојпат беше Арад, град во северно-западна Романија, кандидат за титулата Европски град на културата 2021 год. и град кој го носи приматот “мала Виена“ поради архитектурата која е од особено културно значење. Дали е возможно на едно место да соберете Македонци, Грци, Турци, Ерменци, Романци и Италијанци, а без притоа да предизвикате некакви инциденти? Ако потајно одговоривте “НЕ“ тогаш верувајте дека згрешивте. Ние младите успеавме да ги срушиме сите предрасуди кои не конфронтираа и успеавме да изградиме мостови на пријателство.
Целта на нашето одење во Романија беше преку интерактивни сесии да осознаеме повеќе за сите кои на некој начин се инволвирани во нашите активности, а таквите ги знаеме како ‘stakeholders’ . Модерната технологија си го направи своето, па така голем дел од задачите ги презентиравме со користење слики, видеа и музика, успевајќи на интересен начин да го пренесеме знаењето, а сепак да бидеме во можност да го задржиме вниманието.Контактите, убавите мигови и по некој сувенир се само дел од работите кои ги понесовме дома како сеќавање на убаво поминатите 10 дена во Романија. Михајло Донев (10-21.01 Арад, Романија)