You are currently viewing Џебно издание за успех: Паметни совети за попаметна кариера

Џебно издание за успех: Паметни совети за попаметна кариера

Брошурата е резултат на заедничките напори на проектниот тим со осврт на клучните вештини за вработување на денешниот пазар на трудот. Покрај тоа, таа обезбедува совети и информации за младите луѓе, почнувајќи од разбирање на побарувачката, каде да ги бараат посакувани работни места и како да ги подобрат дигиталните вештини, за да создадат силни биографии и да останат конкурентни на пазарот.

Проектот „ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН ЗА ВРАБОТЛИВОСТ“ има за цел да ги подобри можностите за вработување на младите луѓе преку зајакнување на нивните дигитални вештини за креирање мотивациони видео биографии и за нивна подобра промоција на пазарот на трудот.

Проектни партнери: Mladoevropani z.s. (Чешка), Asociatia Tinerii 3D (Романија) и Волонтерски Центар Скопје (Македонија)