ПБA: подобра соработка – Подобро Европа почнува наскоро

Волонтерски Центар Скопје се подготвува за партнерската активност: Подобра Соработка – Подобра Европа што ќе започне на 18 јуни во Струга и ќе обезбеди можност на учесниците (младински работници, лидери) кои доаѓаат од 15 земји (Ерменија, Азербејџан, Русија, Грузија, Велика Британија, Малта, Полска, Романија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Литванија, Италија, Турција и Македонија) за вмрежување, како развој на идеи за идни проекти кои ќе можат да се развијат со поддршка на Програмата Млади во Акција и да се обезбедат нови можности за младите кои се соочуваат со општествено исклучување, дискриминација и доаѓаат од маргинализирани средини. “Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија. Оваа комуникација ги одразува ставовите само на авторот и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба што може да се направи на информациите содржани во нив. “