Пол, Марта краткорочни ЕВС волонтери кои поминаа 2 месеци во Скопје на краткорочен ЕВС проект во Волонтерски Центар Скопје и Моника која ќе помине 2 месеци како краткорочен ЕВС волонтер во Обединетото Кралство. Имагинативна, традиционална, изненадувачка, благодатна архитектура и елегантни градини, и најсовремената мода се зборови кои го опишуваат Обединетото Кралство. Од секогаш сакав да ја посетам Англија, да го почувствувам нејзиниот дух, британскиот пејзаж кој ги инспирира најголемите писатели во светот. Големата желба да одам во Англија ми се исполни, благодарение на Волонтерски Центар Скопје, кој ми ја даде таа можност да бидам волонтер и да искусам нов начин на живот. Пред се, сакав да одам во Велика Британија како волонтер бидејќи е голем предизвик за мене, преку проектот треба да се соочам со тинејџерски проблеми, па така ќе научам како да се снаоѓам во различни ситуации и да станам понезависна и самоуверена. Запознавање луѓе, искусување на култура во нова држава за мене е промена која ќе ми даде ново чувство на цел, да работам помагајќи на други луѓе, да ја вложам сета моја енергија, личен капацитет и вештини. Оваа волонтерска работа може да биде исполнување на мојата кариера од соништата, и тотално различна од мојот секојдневен живот. Ќе имам повеќе инспирација да пишувам за волонтерската работа и за Велика Британија, штом се соочам со сите предизвици и го збогатам мојот живот па ќе можам да го споделам моето искуство со вас. Па можете и вие да се спакувате, да се упатите кон некоја земја и да си поминете супер.