Проектот MIND има за цел да ја подобри емоционалната благосостојба на ВЕТ студентите/ученици. Во услови на зголемени предизвици по менталното здравје, посебно после COVID-19 пандемијата, тоа се одразува на полето на образованието, вработувањето и меѓучовечките односи. Заради тоа, од големо значење е да се работи на менталното здравје и емоционалната благосостојба за истата да биде инклузивна и пристапна за сите ВЕТ студенти/ученици.

Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на ВЕТ професионалците за спроведување на нивните практики за ментално здравје и промоција на социо-емоционалната благосостојба за ВЕТ студентите во проекти со мобилност. Партнерите на проектот ќе обезбедат  иновативни, педагошки и инклузивни решенија за сите предизвици по менталното здравје кои би биле прифатливи за сите ВЕТ студенти и останатите млади луѓе кои се соочуваат со ментални проблеми, за да се покаже дека емоционалната благосостојба е достижна.

За постигнување на оваа цел проектните партнери ги креираа специфичните цели:

  1. Елаборирање на студија која ги истакнува постоечките потреби и очекувања во однос на менталното здравје во ВЕТ секторот

  2. Креирање на педагошка алатка за ВЕТ професионалците за спроведување на праксата за ментално здравје во нивните организации

  3. Развивање на обука за ВЕТ студентите за подигнување на свесноста за менталното здравје и помош за интегрирање на нивната емоционална благосостојба во обуките и мобилностите

  4. Создавање на интерактивна алатка која ќе им овозможи на ВЕТ студентите да ги усовршат своите емоционални, спознајни и социјални вештини.

Преку MIND проектот имаме намера:

Олеснување на дисеминацијата низ ЕУ на потребите за ВЕТ студентите/учениците и на ВЕТ професионалците за меѓународните проекти и мобилности поврзани со метално здравје

Поттикнување на ВЕТ професионалците да делуваат превентивно врз менталното здравје и да ја промовираат таа практика

Информирање на ВЕТ студентите/учениците за менталното здравје и поддршка во подобрувањето на нивната благосостојба

Насочување на ВЕТ студентите/учениците како да ги подобрат нивните емоционални, социјални и спознајни вештини за време на меѓународни проекти за мобилност.

Партнери на проектот: ADICE (Франција), Fundación Plan B Educación Social (Шпанија) и Волонтерски Центар Скопје (Македонија).

Проектот "MIND" е финансиран со поддршка на програмата Еразмус+ на Европската Унија, преку Клучна акција 2 - KA220-VET - Мали меѓуинституционални партнерства за млади.

Број на проект: 2023-1-FR01-KA220-VET-000156199