Волонтерски Центар Скопје беше домаќин на обука за проектот: „Mental Health Matters“ од програмата Еразмус+ што се одржа во Струга (4-12 април 2025), коорганизиран со Stowarzyszenie Europa luvenis од Полска.
Постои стереотип дека Балканците се поопуштени, живеат порелаксирано и повеќе уживаат во животот. Нашето секојдневие е обично брзање, немаме време за пауза, за размислување каде сме и како да го подобриме нашето секојдневно ментално здравје. Овојпат се обидовме да сопреме за момент. Да се одразиме. Всушност, да се фокусираме на благосостојбата, да ги балансираме работата и животот, да ги развиеме нашите меки вештини и да изградиме значајни врски.
За некое време останавме покрај Охридското Езеро, едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, со богата историја која со векови влијаела на Балканот. Низ векови езерото било место каде живееле различни религии, култури и нации. Како што пишува Капка Касабова во својата книга: „До езерото: балканско патување на војната и мирот“, езерото е мистично место, каде што луѓето се длабоко поврзани со него.
Обуката се одржа во Струга, каде што се сретнавме со различни култури, но, и покрај разликите, луѓето коегзистираа со нас. Истиот дух на заедништво беше присутен и во нашиот проект, кој собра учесници од Ерменија, Полска, Македонија и од Романија. Дојдовме да научиме за себе и да ги размениме добрите практики во областа на менталното здравје.
И покрај многуте разлики, луѓето се слични. Можевме да најдеме заеднички јазик и да размислуваме заедно. Научивме дека „луѓето не се роботи “ и дека „содржиме мноштво“. Секој проект се состои од нови искуства и учење, па и овој не беше ништо поразличен. Многумина од нас препознаа аспекти од секојдневниот живот преку рефлексија на она што го дискутиравме. Како што рече нашиот тренер: „Уморен сум, но во исто време сакам да се среќавам со различни луѓе“ и таа двојност е во ред.
Во текот на неделата, секој научи нешто различно. Учесничка од Романија рече дека научила „како треба да ја прифатиме ранливоста наместо да бегаме од неа“. За друг учесник од Полска – „сесијата за тоа како да се справи со исцрпеноста беше особено корисна“. Во меѓувреме, учесник од Ерменија посочи „да одвоиш време, да одмориш и да не брзаш е една важна лекција“. Разновидноста на нашето потекло доведе до прекрасна разновидност во она што секој од нас го одзеде од искуството.
Тешко е да го прифатиме секој совет или добра практика и веднаш да го ставиме во нашата рутина. Многу практични информации, но и размислувања ќе ни користат во текот на животот. Она што е најважно е да продолжиме да се стремиме кон личен раст и да ги препознаваме придобивките со текот на времето, особено кога станува збор за избегнување проблеми како хроничен стрес или исцрпеност.
Некогаш сè станува премногу… Една од најважните теми што ги допревме беше немирот. Ова прашање останува донекаде табу, особено во младинската работа. Да се биде активист често се поврзува со неуморна посветеност, како исцрпеноста да е знак на слабост. Една реченица: „Трениран мајмун можеше да го направи тоа“, го погоди нервот, бидејќи отсликуваше колку нашите напори понекогаш можат да станат механички и дехуманизирани. Навлеговме длабоко во темата како да се дијагностицира и како да се спречи исцрпеноста.
Поминувањето време во близината на Охридското Езеро беше вистинско искуство на размислување за нас самите, а преку поврзувањето со местото ја почувствувавме и поврзаноста еден со друг. Секој ќе земе нешто вредно од ова искуство во иднина. Времето брзо леташе, а покрај знаењето што го стекнавме, изградивме и значајни врски. Можеме да ги поврземе нашите сопствени ситуации со оние на другите и да чувствуваме вистинско чувство за заедница. Со силните врски што ги формиравме, сега можеме да соработуваме и да се поддржуваме меѓусебно.
Јакуб Покучињски
Превод: Влера Чиче