Здраво! Јас сум Лилу од Сен Север, Франција. Штотуку ги завршив студиите за Социјални и социокултурни активности во Бордо. Пред да започнам со професионална работа, сакав да одам на пракса во странство. Па еве ме, во Македонија (најдобрата земја во светот доколку ги прашате Македонците 😉), да стекнам искуство и да откријам работи за себе!
Најпрво, дозволете ми да се претставам! Моите пријатели ќе речат дека сум во постојано движење. И ќе бидат во право. Сакам да запознавам луѓе, градови, култури и генерално – нови работи. Она што најмногу ми се допаѓа е да разговарам за нашите интереси, истории и „бекграунди“ со чаша пиво или вино (типично француски) 😉. Сакам да правам многу работи, но она што најмногу ми се допаѓа е уметноста. Вежбав танц цели 14 години (завршив годинава). Тоа беа различни видови на танц како салса, фламенко, поп-танц, регетон, руски танц, ориентален танц, кабаре, музичка комедија, итн (повеќе од доволно). Исто така, вежбав театар 4 години и импро-театар околу три години додека студирав во Бордо. Ќе кажам дека танцот и театарот се моите први пасии, но сакам и да одам да гледам филмови, да читам книги, да се дружам со пријателите…
Моето „персоналити“ ми дозволува да бидам прилично сигурна во врска со практикантската работа што ќе ја извршувам во ВЦС во следните три месеци. Навистина сум среќна што сум тука, се надевам дека овде ќе можам да го донесам и да го споделам моето знаење и искуства од социјалната работа, но и да откријам различни контексти, култури и начини на работа. Ова споделување искуства може само да ја збогати и развие мојата професионална пракса за подоцна да бидам подобро опремена и посигурна. Исто така, ова искуство ќе ме натера да пораснам, и подобро да се запознаам себеси!
Овде сум неколку дена и веќе ми се допаѓа овој град, знам дека сум на право место! 😉
Лилу Бoдан