You are currently viewing Запознајте гo нашиот нов СОО-практикант од Франција!

Запознајте гo нашиот нов СОО-практикант од Франција!

Здраво, јас сум Ноа, доаѓам од винскиот регион Бордо во Франција.

Јас сум момче – слаткар! Откако завршив училиште за француски пецива, сакав да научам друга печива култура во светот. Затоа ја избрав Македонија за моето прво долгогодишно искуство, бидејќи сакам да учам нови рецепти, тоа ми е преокупација. Би сакал наученото да го споделам со другите луѓе. Претходно, работев во Норвешка, но само две недели што е прекратко време за да стигнам да научам други колачи, различна култура и да зборувам норвешки јазик. Претпочитам да работам долгорочно во земјата за да имам време за сево ова.

Имам други хобија: во слободно време играм „билијард со 6 топки“. Почнав да играм на 13 години. Добар играч сум во Франција. Играв во француското првенство во 2018 година. Играм и видео игрици. Пред се, ТФТ; тоа е авто-борец. Положив ниво на „мастер“ што е одлично, бидејќи само еден процент од европските играчи го остваруваат тоа. И сакам да слушам музика, секој стил: метал, електронска музика или меланхолија. Мојата најдобра група е Bad Omens. Го сакам нивниот стил и пејачот Ноа поради специфичниот глас.

Навистина сум среќен што сум тука. Сакам да ја истражувам Македонија и преку вежбање да го подобрам англискиот јазик. Мојот СОО-проект ќе трае три месеци и ќе стекнувам пракса во Кетеринг Гостилница Софра, па можеби и ќе имам време да го направам тоа.

Ноа Манчадо

Организација-испраќач: Cercle de Qualité 

Ноа ќе стажира во Кетеринг гостилница Софра.