“Волонтерски Центар Скопје” во соработка со здружението на граѓани “Лулка” и Секторот за месни и урбани заедници и соработка со невладини организации при општина Кисела Вода, во Понеделник, на 24ти Декември 2012 година, со почеток во 17:00 ќе одржи панел дискусија, на тема “Бременоста и породувањето–Со вистински информации до свесна бременост и здраво бебе”. Панел дискусијата е отворена за присуство на сите граѓани, здруженија на граѓани и правни субјекти, а е наменета за двојки кои планираат бременост и/или очекуваат бебе и сите млади луѓе, кои би сакале навремено да се информираат за овој многу битен сегмент од нашите животи. На панел дискусијата говорници ќе бидат доктори, специјалисти и психолози, екперти од областа. Локацијата на одржување на дискусијата е големата сала за состаноци на Советот на Општина Кисела Вода.
Ве очекуваме!!!