Волонтерскиот Центар Скопје има чест да Ве покани да земете учество во краткиот локален тренинг курс за меѓукултурни способности што ќе се одржи од 9 до 11 мај во просториите на ВЦС (Емил Зола 3-2/3, Скопје) и ќе се состојат од 3 работилници, секој ден почнувајќи од 17:00. Во текот на обуката ќе имате можност да научите повеќе за меѓукултурна комуникација и како да се справите со културните разлики, како и начинот на кој стереотипите можат да влијаат врз комуникацијата и како да се пробијат на предрасудите кои го инхибираат нашиот меѓукултурен процес на учење.
Работен јазик: Англиски. Нема партиципација, но местата се ограничени. Работилниците ќе бидат водени од Dobroslawa Uberna (психолог) и Jadwiga Mistak. За да се пријавите пополнете ја апликација надоцна до понеделник 7ми Мај 2012. Ќе добиете потврдна порака за вашето учество најдоцна на 8 мај. Ги чекуваме вашите апликации и учество.