Веројатно рекорд во Еразмус + програмата, тренинг курс со учесници од 27 земји претставувајќи ги нивните култури и работејќи на секакви ситуации поврзани со малцинствата. Младински работници кои учеа нови методи како да се справат со дискриминацијата на малцинствата и учејќи за ситуациите и реалностите во другите земји. Интерактивната работа и споделувањето на добри искуства и практики е сржта на неформалното образование и овде беше покажано на најдобар можен начин.
За одлична работа ти треба добар тим. Во вакви случаи градењето на тим е од круцијално значење и тука организаторите завршија одлична работа и успеаа да создадат еден од најобединетите тимови и одлична работна средина што јас ги имам искусено на некој проект. Почнувајќи од меѓусебно запознавање па преку игри на доверба каде треба да се препуштиш и веруваш на луѓе кои си ги запознал само пред ден или два. Тоа навистина овозможи полесно да се совладаат темите кои беа за цел на овој тренинг курс, а тоа беа етничките малцинства преку методите на форум театрот и создавањето на видеа. Излезе дека и двата методи беа доста успешни. Форум театрот, методот каде публиката може да реагира, да биде актер/ка и да го смени сценариото, па и целиот тек на претставата беше поставен пред дел од локалните млади луѓе. Ситуации како вистинска случка од камп за бегалци, до секојдневна ситуација во некои од населбите низ Европа те тераат да се запрашаш и да се обидеш да најдеш уште некој начин како да се направи овој свет подобар. Исто така создавањето на видео каде како краен продукт излегоа три видеа со некои силни пораки кои сметам дека треба да се пренесат и да ги натераат луѓето да го погледнат светот со други очи или барем од друга перспектива. Нешто што посебно остави впечаток е тимската работа на целосната продукција на видеата и нешто што треба да се искуси. Им овозможи на учесниците да да научат нови техники и алатки за да пуштат глас дека сите ние го делиме овој свет.
Беше неверојатно да се гледа растот на учесниците, како во групата, така и индивидуално. Да се излезе од кожурецот и да ги рашират своите крилја, да се прифатат нови работи и да се видат работите што ги научиле во нивните очи беше вистинско задоволство. Нема многу проекти каде учесниците си заминуваат со солзи во очите од среќа како овој и со ветување за повторно видување со цел да се повтори одличното дружење.
Андреј Наумовски